Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Натегање за Законот поништување на лустрацијата, покрај ВМРО ДПМНЕ со ова не се сложува ни ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-3-1

Власта и опозицијата со различни ставови за Законот за поништување на лустрацијата. Собранискиот спикер Талат Џафери вели дека нема ништо спорно за него и да се поништи овој закон.

— реклама —

„Не сум го видел текстот на законот и немам коментар по него. Гласав за носење на Законот за лустрација и немам проблем ниту со поништувањето на законот”, рече кусо Џафери.

Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека нема да го поддржи законското решение, користејќи ги сите правни механизми, вклучувајќи и поднесување амандмани. 

— реклама —

„Ние сме единствена држва во која кодошите ќе добијат пари од буџетот како оштета. Одговорност за кодошите мора да има и морална и политичка“, рече Зоран Илиоски од ВМРО ДПМНЕ.

Прокрај пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, поништувањето на лустрацијата го опструираат и ДУИ и Демократската партија на Турците, поради што не може да почне комисиската расправа за овој закон, објави претседателот на Комисијата за политички систем Александар Кирацовски.

„Се надевам имаат образложение за нивните постапки. Денешната седница се паузира бидејќи нема кворум, кога ќе имаме услови повторно ќе ја закажам“, рече Кирацовски.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања