Промени тема
Контакт

Натепаниот Христијан продолжува да добива закани по интернет, посочува шефот на бугарската дипломатија додавајќи: „Ја бранеше нашата кауза“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2023-01-22-at-11.32.47

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Македонија, Николај Милков и Бујар Османи, го посетија претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб во Охрид, Христијан Пендиков во Вoената медицинска академија.

— реклама —

„Ние кажуваме НЕ за заживување на овие црни традиции кои историски се поврзуваат со Македонија - на палење, пукање, насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница, кои се луѓе со достоинство. Има ескалација, Христијан е и во моментов продолжува да добива закани на интернет, што се грди зборови“, изјави шефот на бугарската дипломатија.

— реклама —

Според него, лекарите треба да дадат информации за состојбата на Христијан Пендиков.

— реклама —

„Христијан Пендиков настрада поради своите идеи. Човек со кауза кој ја брани. Ситуацијата не смее да продолжи на овој начин. Бугарија цврсто инсистира сторителите на ова и на други слични дела да бидат казнети со строгост на законот со цел да се стави крај на атмосферата на неказнивост, која раѓа ново и ново насилство“, додаде Николај Милков.

— реклама —

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи остро го осуди нападот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања