„National geographic“ на инстаграм објави слика од плоштадот Македонија во Скопје.
Фотографијата е направена на зајдисонце, а во фокусот е балон во облик на срце и силуета на девојче. Автор на сликата е фотографот Мухамед Мухајзен, двократен добитник на Пулицеровата награда за новинска фотографија.
Фотографијата има над 170 илјади лајкови.