Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

НАТО го зајакнува капацитетот на Македонија за справување со коронавирусот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
NATO

НАТО на својата веб-страница објави дека Северна Македонија го користи командниот систем за управување со кризи – НИЦС, кој овозможува брзо и ефикасно координирање на активностите на сите институции во рамките на националниот одговор на кризата со Ковид-19.

„Во 2019 година Северна Македонија го усвои системот НИЦС. Експертите од Центарот за управување со кризи во Северна Македонија сега бргу го адаптираа системот за подобрување на реакцијата на земјата на коронавирусот“, пишува алијансата на својата веб-страница.

— реклама —

Понатаму, се додава дека НИЦС ѝ овозможува на јавноста пристап до информации во реално време за моментната состојба со пандемијата во нивната средина, како и со информации со кого да стапат во контакт во случај на потреба од храна и лекови.

Системот им овозможува на сите институции на Северна Македонија, како и организации како Црвениот крст, да комуницираат и да ги координираат своите активности што е можно поефикасно.

— реклама —

Алијансата додава дека Северна Македонија ќе стане формално 30-та земја членка на НАТО подоцна во текот на денот (27 март 2020) по депонирање на инстументот за пристапување кон Северноатлантскиот договор во американскиот Стејт департментот во Вашингтон.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања