Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Научна конференција во чест на Светите Кирил и Методиј

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

ОО
media-libraryllsss7oirqsg0cGMGf8

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид  започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“.

Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска.

— реклама —

 – Возвишено е чувството  во древниот Охрид, колевката на  писменоста и духовноста  да се одржуваат вакви научни собири во моменти кога градот го  дочекува  сиот  описменет  Свет  во Деновите  посветени на големите Кирил и Метидиј.  

И по многу изминати столетија од кирилометодиевите мисии за описменување, возвишени ни се чувствата за нив затоа што слепи прогледавме, глуви слушнавме и неми прозборевме.

— реклама —

Уште посилно е нивното присуство меѓу нас, а ние исклучително горди затоа што  нашиов убав Охрид преку охридската книжевна  школа и дејноста на нашите Климент и Наум Охридски  стана  светски центар  на писменоста. Св. Климент Охридски  со својот преродбенски дух  претставува еден од најмаркантните ученици и продолжувачи на визионерското дело на светите солунски браќа Кирил и Методиј чија просветителска мисија ги изведе словенските народи на културно- цивилизациската сцена на Европа.

— реклама —

Охридската книжевна школа  со повеќе од 3 500 ученици претставува најрепрезентативен духовен центар на сите времиња.  Со својата црковна, културно- просветителска и книжевно – филозофска дејност, со столетија е извор  од кој се напојуваат словенските култури.

Сето ова доволно кажува каков книжевен и  духовен центар е нашиот прекрасен Охрид, древнината на Светот во која се описменувале илјадници Словени. Мене ми останув уште да ви посакам успешна работа и пријатен престој во градов.

— реклама —

Со добра мисла и чисто срце, побогати на духовен план повторно ве очекуваме во Охрид- рече Крстеска.

На настанот се обратија и проф.д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Наташа  Аврамовска од Институтот за Македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје како и проф. д-р Александар Василевски,  директот на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања