Научниците го потврдија постоењето на нова варијанта на корона

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

w_56089451

Научниците го потврдија постоењето на нова варијанта на коронавирусот што комбинира мутации од омикрон и делта, а случаи на новооткриената варијанта се забележани и во Европа и во САД.

— реклама —

Новата хибридна варијанта, неофицијално наречена делтакрон, е потврдена со секвенционирање на геномот од страна на научниците од Медитеранскиот универзитет за инфекции во Марсеј, Франција и е откриена во неколку региони на Франција, се вели во написот објавен во базата на податоци medRxiv.

— реклама —

Делтакрон формиран со рекомбинација

— реклама —

Според меѓународната база на податоци GISAID, случаи на делтакрон се откриени во Данска и Холандија. Во посебна студија, фирмата за генетско истражување Хеликс со седиште во Калифорнија идентификувала два случаи на делтакрон во САД, а според Гардијан, околу 30 случаи се идентификувани во Обединетото Кралство.

Новата хибридна варијанта е создадена со процес наречен рекомбинација, што значи дека две варијанти на вирусот заразиле ист пациент во исто време, разменувајќи генетски материјал за да создадат ново потомство. Научниците велат дека „јадрото“ на делтакронот доаѓа од делта варијантата, додека неговиот шилест протеин - кој му овозможува на вирусот да влезе во клетките домаќини - доаѓа од омикронот, според документот medRxiv.

„Откривме дека рекомбинацијата може да се случи и кај луѓето и кај животните со повеќе циркулирачки варијанти на САРС-КоВ-2“, твитна д-р Соумја Сваминатан, главен научник на Светската здравствена организација (СЗО). Тој посочи дека „сега треба да почекаме да се направат прецизни експерименти кои ќе ги утврдат својствата на овој вирус“. Се верува дека нова варијанта на коронавирусот циркулира низ светот од јануари, според GISAID.

„Очекуваме други рекомбинации“

Марија Фон Керхове, технички директор на СЗО за ковид-19, рече дека научниците досега не забележале никакви промени кога станува збор за сериозноста на болеста во споредба со претходните варијанти на коронавирус, но дека во тек се бројни научни студии.

„За жал, очекуваме други рекомбинации бидејќи вирусите се однесуваат вака. Тие се менуваат со текот на времето. Видовме многу интензивно ниво на циркулација на SARS-CoV-2. Исто така, забележавме дека овој вирус може да зарази животни, а потоа животните го враќаат вирусот на луѓе“, рече Керхове.

Научниците се согласуваат дека варијантата што комбинира мутации во две варијанти на коронавирусот е „една од оние на кои треба да се внимава“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања