Наумоски тврди дека го ставил, на терен го нема: Каде е бекатонот кој e пишан во отчетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
bekaton-plocki-gjorce3

Актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски кој бара нов мандат, деновиве е на терен за ги убедува жителите дека треба повторно да дадат глас за него. Па така, промовира што направил во изминативе четири години, каде асфалтирал, каде градел, реновирал. Меѓу останатото, во неговиот т.н. отчет, пишува дека поставувал и бекатон плочки. Наведени се и осум мали улици, каде, како што тврди Наумоски, го „наредил“ бекатнот. Но, жителите тврдат дека на терен го нема.

— реклама —

Ако се цени мислењето, но и состојбата на терен според фотографиите кои жители ги доставија до „Скопје1“, тогаш излегува дека 365 бекатон. Плочките фалат на улицата 73 и улицата 75, кои според Наумовски, веќе имаат бекатон. Наместо плочки, на овие две улици има вегетација односно трева и камења, кои при најмал дожд стануваат кал.

— реклама —

Бидејќи не ни изгледаше сигурна информацијата дека градоначалникот Наумоски бара втор мандат со лага во отчетот, се обидовме да провериме дали има можеби две улици со исти броеви во Ѓорче Петров, но до таква информација не дојдовме. Овој отчет, каде стојат сработените проекти на Наумоски, се дистрибуира по жителите од неговите тимови кои агитираат за глас плус на изборите.

Вечерва, Александар Наумоски ќе ја има и официјалната промоција како градоначалник, заедно со програмата која нуди да ја реализира до 2025 година. На промоцијата ќе биде присутен и министерот за здравство Венко Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања