Навивачката група „Рибари“ од Охрид повика на собир за гаснење на пожарот во близина на градот. Тие утрово се собираа пред Противпожарната бригада и заминаа на терен.
„ОХРИДСКО е во пламен! Итно сме потребни како доброволци, да помогнеме во гаснењето на пожарите! Сега сме му најпотребни на Охрид и Охридско! Повик до сите рибари и до сите доброволци! Утре во 07:00 пред пожарна!“, стои во апелот.
Тие дадоа и насоки да се понесат чизми, заштитни маски, маици.