Промени тема
Контакт

„Не е битно дали е стручен лекар, туку да е Албанец“ - огласот за вработување медицинари во Гинекологија предизвика револт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
lazarov

Јавниот оглас за вработување на медицински персонал, го изиритира докторот Ненад Лазаров. Во него, еден од критерумите е и од која етничка припадност да доаѓа медицинарот. Затоа, доктор Лазаров ги праша институциите: „ Не е битно дали е професионален и стручен лекар, туку да е Албанец, Турчин, Ром, добро луѓе дали сте нормални???“.

„Па уште со напомена е ставено, да не случајно се залета некој друг, ич да не аплицирате. Јас нема да коментирам понатака само со цел свој авторитет ви кажувам дека ваков преседан не постои во медицинскиот свет. Националност не постои во терциерна здравствена установа, една и единствена од ваков вид во државата“, напиша Лазаров.

Нему не му е јасно, до кога ќе има вакви огласи на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“.

— реклама —

„ГАК, ова е голем срам за вас ко институција, а па и дека не се буните никој од вас, нека ви стои заслужена срамота. Каква врска има националност со гинекологија и акушерство?

Од кога вакви огласи на УК?“, додава Лазаров.

Тој сподели и фотографија од огласот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања