„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка, туку редок случај на казна оти си јавна личност“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
IMG_2107

Инфлуенсерката под псевдонимот Ина Многуфина реагираше на социјалните мрежи по повод судскиот епилог во случајот со нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа смета дека казната што ја доби напаѓачот не претставува системска победа за жените, туку исклучок поради тоа што жртвата е јавна личност и функционер. Реакцијата доаѓа откако Арсовска, пресудата ја нарече „системска победа за секоја жена и мајка“.

— реклама —

„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка. Ова е редок случај на казна поради тоа што си јавна личност и градоначалник и поради тоа што јавноста реагираше. Невидливите жени немаат се уште победа. Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати. Пред некој месец една жена жртва, оперирана од канцер, си го дочека насилникот дома, иако на рочиште 3 минути и ги читаа повредите, постапката за забрана за приближување беше поспора од неговиот пат до жртвата.

Системот има уште многу да работи, а во тоа можат да помогнат жените кои успеваат да стигнат до битни функции и да направат нешто за другите жени, да влијаат и да се залагаат на друго ниво во нивниот мандат. Ама тоа некако не се дешава. Далеку сме од системска победа, ова е победа за заштита на институцијата и твоја како носител на функција. И тоа е добро, но да си дочекаат сите за нивните насилници. Вклучувајќи го и оној вчера во Кавадарци што ја тепал жена му од 68 години на сред улица. Затоа се силат, пошо казните за невидливите се невидливи“, напиша Ина Многуфина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања