Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Не е проблем само брзата храна: Овие намирници кријат многу сол и го зголемуваат крвниот притисок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Магазин
media-libraryrd7pulmfg72ufZXiJQw
Photo by Alex Haney on Unsplash

Високиот внес на натриум е еден од главните ризик-фактори за развој на висок крвен притисок, но експертите предупредуваат дека најголемите количини сол не се наоѓаат само во брзата храна и грицките. Напротив, многу производи што на прв поглед изгледаат како здрав избор можат да содржат изненадувачки високи количества натриум.

Специјалистката за лекување висок крвен притисок и доцентка на Медицинскиот факултет на Харвард, Џенифер Клут, открила дека со години за ручек избирала салати од ресторани, уверена дека прави здрав избор. Сепак, откако ги анализирала нутритивните вредности на еден таков оброк, открила дека содржи повеќе од половина од препорачаниот дневен внес на натриум.

— реклама —

Според неа, најголемиот дел од солта не доаѓа од соларникот на трпезата, туку од индустриски преработената храна. Особено богати со натриум можат да бидат готовите оброци, сувомесните производи, конзервираната храна, ресторанските јадења, готовите супи, сосовите, преливите за салата и лутите сосови.

Од друга страна, подготовката на оброци дома со свежо овошје, зеленчук, мешунки и интегрални житарки овозможува подобра контрола врз внесот на сол.

— реклама —

Експертите нагласуваат дека намалувањето на внесот на сол, во комбинација со редовна физичка активност, одржување здрава телесна тежина и намалување на стресот, може значително да помогне во контролата на крвниот притисок. Особено се препорачува исхрана според принципите на DASH, која се темели на поголем внес на овошје, зеленчук, интегрални житарки и млечни производи со намалена масленост, како и ограничување на солта.

— реклама —

Лекарите потсетуваат дека дури и мало намалување на крвниот притисок може значително да го намали ризикот од срцев и мозочен удар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања