Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

„Не е трагедија, фемицид е“: Неколку стотици граѓани на протестен марш во Скопје, бараат построги казни за фемицид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-librarydrvhdh63lt2c4DoUzNC

Неколку стотици граѓани попладнево излегоа на протестен марш низ центарот на Скопје, барајќи построго санкционирање на фемицидот и институционална одговорност за насилството врз жените.

— реклама —

Маршот започна во паркот „Жена Борец“, продолжи преку булеварот „11 Октомври“, кај Рекорд, булеварот „Св. Климент Охридски“ и улицата „Јордан Мијалков“, а заврши пред Министерството за внатрешни работи на улицата „Димче Мирчев“.

— реклама —

„Ниту една повеќе“ и „Нема да нè снема“ беа дел од пораките што гласно ги извикуваа присутните, испраќајќи повик за заштита на жените и сериозен пристап на институциите кон случаите на родово базирано насилство.

Учесниците носеа транспаренти со силни пораки: „Не се откажуваме, ниту една повеќе“, „Не е трагедија, фемицид е“, „Не е љубов ако те убива“, „Не сте свесни колку сме бесни“ и „Тука сме за вашите ќерки, сестри, жени, мајки“.

— реклама —

Од протестот беше упатено и барање до пратениците, на кои им беше даден рок до 10 декември за преземање конкретни чекори и построго законско санкционирање на фемицидот.

— реклама —

Со пораките „Ниту една повеќе“ и „Нема да нè снема“, учесниците порачаа дека нема да се откажат од барањето за посигурно општество во кое насилството врз жените нема да остане неказнето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања