Промени тема
Контакт

„Не е знак ни за мир ни за војна“: Руски весници пишуваат дека шефот на ЦИА е во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-librarysdobhc19nv5t5Dula9V
BBC

Ненадејната посета на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва и натаму е една од главните теми во руските медиуми, кои се обидуваат да ја утврдат вистинската причина за неговото доаѓање.

Ретклиф во вторникот пристигнал во Москва со американски воен транспортен авион C-17A. Тоа е прва посета на директор на американската разузнавачка служба на Русија од крајот на 2021 година.

Според прегледот на рускиот печат што го објави дописникот на Би-Би-Си од Москва, Стив Розенберг, во јавноста кружат повеќе теории, но засега нема официјално објаснување што точно било целта на посетата.

— реклама —

„Комсомолскаја правда“ наведува дека една од можните верзии е дека Ретклиф дошол лично да му пренесе предупредување на Кремљ.

Еден политички аналитичар за весникот изјавил дека станувало збор за „итно и непланирано патување“.

Како можен повод се споменува неодамнешната објава на руското Министерство за одбрана со список на фабрики кои произведуваат дронови за Киев. Потоа, според текстот, Владимир Путин побарал од Генералштабот да разработи неколку можни сценарија за одговор.

Според една од теориите што се разгледуваат во руските медиуми, американските разузнавачки служби можеби дознале за еден од тие сценарија, по што Вашингтон решил да побара итни консултации со Москва.

— реклама —

„Независимаја газета“, пак, оценува дека посетата сама по себе не значи ниту мир ниту војна.

„Посетата на шефот на ЦИА не е знак на мир и не е знак на војна. Тоа е знак дека вообичаените канали повеќе не се ефикасни и дека е потребна тешка артилерија“, пишува весникот.

Од таму додаваат дека настанот останува нејасен за пошироката јавност и остава простор за бројни толкувања без цврст заклучок.

— реклама —

Дел од западните анализи ја поврзуваат посетата со можноста Вашингтон да испратил порака до Москва да не ја ескалира конфронтацијата кон НАТО, особено кон балтичките држави.

„Московски комсомолец“ ја отфрла таа теорија и оценува дека сценариото Русија да отвори нов фронт против Естонија, Латвија или Литванија е нелогично додека војната во Украина сè уште трае.

Весникот тоа го споредува со ситуација во која некој не може да крене една тегови со двете раце, а потоа решава со едната да фати уште една.

Претходно „Вашингтон пост“ објави дека на посетата на Ретклиф ѝ претходеле доверливи американски разузнавачки проценки според кои Кремљ смета дека САД се воено и стратешки исцрпени по повеќемесечната војна со Иран.

Шефот на руската Надворешна разузнавачка служба, Сергеј Наришкин, потврди дека разговарал со Ретклиф.

Од Кремљ, пак, соопштија дека директорот на ЦИА не се сретнал со Владимир Путин.

Токму отсуството на официјални детали за содржината на разговорите дополнително ги поттикна шпекулациите во Москва за тоа дали посетата била обид за кризна комуникација, директно предупредување или отворање канал за чувствителни разговори меѓу Вашингтон и Кремљ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Русија подготвена да испорача милиони тони дизел за САД

Свет | пред 11 час

— реклама —
FcbveISA2D-kako-amerikanskiot-kongres-mu-namigna-na-putin-a-mu-vrza-vrela-slakanica-na-tramp

Украинска пратеничка: Трамп и Путин бараат Украина да добие нов претседател

Свет | пред 12 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

(Видео) Бројот на жртви во Запорожје расте, Зеленски: Ова е благодарноста на Путин за дизелот

Свет | пред 13 часа

media-libraryhb97pf41t48vdAkHg4a

Русија негира дел од извештаите за сомнителна чума, СЗО бара повеќе информации

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања