Промени тема
Контакт

Не ги запишувајте децата на факултет - нека учат програмирање од мали

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Според податоците што ги објави Заводот за статистика пред три дена на врвот на листата на највисоки плати е секторот „компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности" каде што просечната плата изнесува 60.112 денари и за прв пат достигна 1.000 евра.

Тоа е голем јаз споредбено со просечната плата, која изнесува 24.072 денари, особено ако се спореди со другите поразвиени и поголеми земји. Просечната плата на македонските програмери е сигурно уште поголема, бидејќи во категоризацијата на Заводот за статистика оваа професија оди заедно со други сродни како што е ИТ-администраторот.

— реклама —

Како споредба, ќе ја земеме разликата помеѓу просечната плата во Хрватска и просечната плата на програмерите. Така, на годишна основа, просечниот Хрват заработува 67.032 куни, а просечниот програмер 102.720. Разликата е 35.688 куни годишно, што е приближно цена за целосно реновирање на куќа, но далеку помал јаз во однос на македонскиот.

Во САД просечниот работни работи за 46.384 долари, а програмер заработува 69.083 долари годишно, или пак во Велика Британија има многу помала разлика, каде што просечниот Британец заработува 25.500 фунти годишно, а изработувачите на софтвери заработуваат 30.625 фунти годишно.

— реклама —

За пример може да се земе и Русија, каде што соодносот е 493.680 рубљи годишна плата, во споредба со еден познавач на најзастапениот програм - Java, кој добива годишно 961.173 рубљи.

— реклама —

Постојат и екстремни исклучоци во спортивна насока, како што е Турција, каде што просечен годишен доход на работник е нешто повеќе од 4.000 долари, а просечен разработувач на софтвер може да се пофали со дури 35.662 долари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

263890102_364919331843310_2719035635897412082_n

Стара шема на измами повторно пеплосува граѓани низ Македонија - нов случај пријавен во полиција

Македонија | пред 3 години

— реклама —
Perinski12112020

Разрешен директорот на Водовод Златко Перински, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер

Скопје | пред 4 години

42503921_2169132503376399_1395712277818114048_o

Почина бездомникот чичко Цобе кој беше претепан, се собираат донации за погреб

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања