Промени тема
Контакт

Не го предал оружјето иако имал решение за привремено одземање, а полицијата пронашла и 45 куршуми: уапсен 73-годишник од Валандово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
oruzja
Илустрација

Кривична пријава е поднесена против 73-годишен жител на Валандово, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, соопшти МВР.

— реклама —

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднела пријава против Д. Р. (73) поради сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција“ и „фалсификување на огнено оружје“.

— реклама —

При извршените проверки на 24 март 2026 година било утврдено дека пријавениот поседувал дозвола за поседување и носење на пиштол „Црвена Застава“, калибар 9 мм, и пушка „ТОЗ“, калибар 12 мм. За оружјето претходно било донесено решение за привремено одземање, но тој не го предал.

— реклама —

При претресот во неговиот дом биле пронајдени пиштолот и пушката, како и два пиштоли „Екол Туна“ и 45 парчиња муниција.

— реклама —

Дополнително било констатирано дека на оружјето била извршена механичка интервенција, односно била поставена нежлебана цевка, со што било овозможено истрелување боева муниција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2021-12-22-at-10.31.59

Два инциденти во Ѓорче Петров: Татко ја нападнал ќерката, малолетници нападнати во училишен двор

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-library8a5sljq3qo5deMYJK7E

Две 14-годишни деца тешко повредени во судир на три автомобили во Гостивар

Македонија | пред 4 часа

Нема фотографија

Малолетник заврши во болница откако бил послужен со алкохол во локал во Кичево

Македонија | пред 5 часа

media-librarytti8s1tr1gup5bgZbym

60-годишен скопјанец пронајден починат на автобуска постојка во Драчево

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања