Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Не молчете кога се гасат светлата на културата, не дозволувајте уметноста да умре, порача уметницата Гаштарска која живее во Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryigd59i843a668LIYoIv

Македонската уметница Стефанија Гаштарска, која веќе подолг период живее и твори во Русија, преку објава на социјалните мрежи упати апел за поголема поддршка и внимание кон културата и уметниците во Македонија.

— реклама —

Во својата објава, Гаштарска ја спореди положбата на уметниците во Русија со состојбата во земјава, посочувајќи дека таму културата има значајно место во општеството, додека во Македонија, според неа, сѐ почесто се занемарува значењето на уметноста.

— реклама —

Таа укажа на, како што наведе, запуштени театри, намалена продукција и недоволна грижа за достоинството на уметниците.

„Не молчете кога се гасат светлата на културата. Пишувајте, барајте, одете во театар, купете книга... не дозволувајте уметноста да умре“, порача Гаштарска.

— реклама —

Во својата порака таа истакна дека уметниците не се луксуз, туку чувари на колективната меморија и идентитетот на еден народ.

— реклама —

Нејзината објава предизвика реакции на социјалните мрежи, каде дел од граѓаните ја поддржаа пораката за поголемо вложување во културата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања