Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на Југо на пешачка патека, возачот кој немал возачка ќе прави вештачење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
motor-soobrakajka

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека. Според неофицијални информации, адвокатите на возачот Фатон Љ., кој го прегази и избега, ќе правеле нивно вештачење за причините за несреќата и усмртувањето.

За тоа време, возачот Фатон останува во притвор. Следното рочиште е закажано за 10 октомври, на кое, ако се одржи, возачот ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен. Доколку признае вина, без да се изведуваат докази, ќе се изрече пресуда. Во спротивно, низ повеќе рочишта ќе се презентира доказниот материјал и ќе се сослушаат сведоците.

— реклама —

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против возачот за тешки кривични дела во сообраќајот.

Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на час, надлежните утврдиле дека тоа е небезбедна брзина за условите – пешачка зона на која не смее да се вози моторно возило.

— реклама —

Обвинетиот не успеал да го запре моторот навреме и удрил во 67-годишниот пешак Југослав Николовски. При ударот, повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да им помогне, обвинетиот го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.

Николовски со тешки повреди бил пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна починал. Сопатникот на моторот се здобил со полесни повреди.

— реклама —

Обвинетиот се товари за две кривични дела:

Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, и

Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Обвинителството посочува дека во текот на истрагата се обезбедени доволно докази кои го потврдуваат обвинението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjtiqi40lpiko2oGQqA7

Тешка сообраќајка на излезот од Скопје: 25-годишна девојка се заби во банкина, итно пренесена во болница

Скопје | пред 18 часа

— реклама —
media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тројца повредени во вчерашната сообраќајка на мостот „Беласица“ — се судриле две возила

Скопје | пред 1 седмица

media-library124r0rjd7jse5fx0Soj

(Фото) Тешка сообраќајна незгода кај мостот „Беласица“, автомобил удри во бетонската ограда

Скопје | пред 1 седмица

media-library338aqv7tbj526zzci0A

(Видео) Сообраќајка меѓу автомобил и камион во Аеродром

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања