„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Не се опуштајте - непочитувањето на уредбата за носење на заштитна опрема од денеска се казнува прекршочно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maska

Со одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници од 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија утврди дека на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот.

— реклама —

Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро следниот ден. За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05:00 часот наутро до 11:00 часот. Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија, како и задолжителното носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

— реклама —

Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните. Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.

Непочитувањето на Уредбата за носење на заштитна опрема, од денеска ќе се казнува прекршочно. Предвидени се казни и тоа: во висина од 20 евра во денарска противвредност за физичките лица, а за компаниите каде не се почитуваат мерките за носење заштитна опрема за вработените и посетителите, предвидена е казна од 2.000 евра во денарска противвредност.

На сила е и забраната за групирање на повеќе од две лица на јавни површини, при што во група од двајца не се вбројуваат децата под 14 години на тие лица, но овој исклучок важи само за термините кога е дозволено движење на млади лица, надвор од полицискиот час.

Министерството за внатрешни работи интензивно врши контроли на почитување на уредбите и одлуките донесени од Владата и секое непочитување ќе биде санкционирано согласно законските норми.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања