Промени тема
Контакт

Не се оспорува само македонскиот туку и европскиот идентитет, анализира Димитров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MFA_8353

„Европското знаме е симбол на ЕУ, но и на идентитетот и единството на Европа. Златните ѕвезди ги претставуваат идеалите на единството, солидарниста и хармонијата меѓу европските народи. Вкупно се 12, број што симболизира совршеност, севкупност“, пишува ексминистерот за надворешни работи Никола Димитров.

— реклама —

Тој додава:

„Дизјанот во 1955 го употребува прво Советот на Европа, организација што ги брани човековите права, а во 1985 станува знаме на ЕУ, тогаш Европските Заедници. Мотото на ЕУ (од 2000 година) е “Обединети во разноликоста” означува како Европјаните се здружиле во ЕУ, во името на мирот и просперитетот, истовремено збогатени со различните култури, традиции и јазици на континетот. Во членот 2 на Лисабонскиот договор и во членот 22 на Повелбата на фундаменталните права на ЕУ, Унијата се обврзува дека “ќе ја почитува богатата културна и јазична разноликост, и ќе го штити и унапредува културното наследство на Европа.”

— реклама —

Зошто го пишувам ова?

— реклама —

Затоа што македонските граѓани токму со знамето на ЕУ во рака треба да ја потсетуваат Унијата за сопствените принципи и вредности. Бидејќи со толерирањето на примитивниот повик на една земја членка дека “ништо во пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ не може да се толкува како признавање на постоењето на “македонскиот јазик” од страна на Бугарија”, таа го оспорува не само македонскиот, туку и европскиот идентитет.

Македонското државно знаме во една, европското знаме во друга рака“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања