Села на денешната прес-конференција во Собранието информираше дека двајцата разговарале и за нивните предлог амандмани кои ги имаат поднесено на уставните измени предложени од Владата кои, како што рече, смета дека ќе придонесат уште повеќе за стабилноста на државата и регионот, пишува МКД.мк
„Мислиме дека е многу важно Македонија да стане членка на НАТО, а со тоа да не повлече со себе внатрешни проблеми кога ќе биде во НАТО. Во овој контекст се и нашите предлози за граѓаните во Република Македонија да се чувствуваат еднакви со еднакви права, а не како што се функционирало изминативе 30-тина години кога сме имале две категории на граѓани-граѓани и како граѓани. За жал предлагачот, во случајов Владата, настојува првата реченица во Преамбулата да почнува со граѓани и македонски народ и да продолжува ‘како и граѓани и делови од народ‘. Никој не треба да се плаши од еднаквоста и од праведноста, а сите ние треба да се плашиме од компромисите кои се правеа со Законот за амнестија и други компромиси кои ги гледаме преку СЈО“, рече Села.
На прашањето дали неговара партија ќе ги поддржи уставните измени доколку не бидат прифатени нивните предлози, Села рече дека партискиот став ќе го соопштат за неколку дена. Потврди дека денеска ќе има средба со премиерот Зоран Заев на која ќе разговараат за нивните барања.