Фросина Ременски, професорка на Факултетот за безбедност, чиј сопруг Јовче Ременски работи во АНБ, прашува: Колку ли долго трае наддавањето за местото прв човек на Агенцијата за национална безбедност и дали таа е "стока" која треба/може да се купи?“
Таа за АНБ во која треба утре да се именува директор, објави статус. Упати и порака до Владата и премиерот Димитар Ковачевски.
Оваа влада со која раководи претседател на партијата чиишто член сум не смее да лицитира и да го "дава под закуп" челното место на институцијата (АНБ) која се роди по големата хаварија со прислушкувањето, масовното кршење на човековите права и реформата на УБК која транзитираше кон берзата која ја гледаме изминатите месеци. Ова го кажувам јавно и без грам дилема, како човек кој ја породувал слободата од утробата на заробената држава од која се роди дете кое не може да се запостави поради фактот што во меѓувреме се појавија многу "мајки на победата".
С'ржта на заробената држава беше претпријатието (УБК) и клиентите на (Мијалков и компанија) - оние против кои се бореше и слободоумниот и правдољубив граѓанин кој немаше партиска определба, затоа што знаеше дека слободата нема цена.
Кога од парламентарна говорница говорев дека, "само Сашо Мијалков нема непотизам во УБК, зошто сите се негови клиенти по непотизам" стоев на фактот (како и денес) дека, неговите клиенти (ќерки, снаи, жени, синови, кумови на вработени-извршители) ќе прават се' да го поминат оној т.н, ветинг кон АНБ за кој се кршеа копја при амандманска расправа во која партијат-држава бараше вентил за проток - опстанок. Се протна клиентелата која умешно го криеше Големиот брат, зошто само така тие беа "слободни" во додворувањето при дипломстската фаза на транзит кон одлуката од која треба да зависи дали ќе ги вратиме режимските јатаци облечени во јагнешки кожи и колку добро ја паметиме злоупотребата на тајната полиција за прикривање криминал и енормно богатење.
Заврши времето на приватизација и супституција на безбедносните служби и лицитирањето како влез во нова хаварија❗
Кога зборувам за хаварии не мислам само на "чудното" провлекување на странска шпионажа преку соработки со "странски" служби и државјанства. Мислам на неколку пријави што сум ги поднела до таа надлежна институција како носител на јавна функција и како совесен граѓанин. Во тие пријави нема "наши" - "ваши". Има работи за кои се боревме "да не се повторат"❗ И додека сите се повикуваат на стратешко партнерсво, САД, ЕУ итн., и се лактаат за таа челна позиција на лицитација пред нос на сите се провлекува хаваријата која како цунами ита кон Скопје и треба да стигне на вечера во Камник, на доручек во Мериот и да заврши на преврска во Систина. Има ли такови јунаци кои ќе ја запрат или ќе ја прегрнат лицитацијата/хаваријата❓ Има - првите не се лактаат, а вторите лицитират.
Ако во лицитирањето наддаваат клиенти на Мијалковиот клиент со непотизам, затоа што добро транзитира, ординира и касира, тогаш очекувајте хавсријата да стигне до Будимпешта, а јавниот ветинг да биде предизвик и пораз на заборавените цели. Слободата (бебето) може да го роди идеја, луѓе и храброст, да го лула секој, но да ја (го) храни/дои и искрено љуби само мајката што ја (го) родила. Памет во глава❗ Борбата продолжува, сакал некој или не 🇲🇰 П.С Во моето опркружување нема лактачи и клиенти за лицитирачката трка. Бујрум“, пишува Ременски.