На 18 септември 2026 година во 20:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.А. (36) од Крива Паланка.
Според информациите од полицијата, тој не го почитувал судското решение со кое му биле изречени мерки да не ѝ се приближува и да не ја вознемирува неговата поранешна сопруга.
И покрај изречената мерка, 36-годишникот физички ја нападнал жената.
Тој бил приведен во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.