Промени тема
Контакт

Не смееме да дозволиме да имаме богата влада, а сиромашен народ, платите на наставниците мора да се зголемат, посочи Николоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
nikoloski

Смета дека состојбата во која што во моментот е образованието и воопшто и предшколската згрижувачка дејност, но и генерално основното, средното и високото образование е најлоша во историјата на државата. За жал образовниот и воспитен кадар никогаш не бил на пониски граници на сопственото достоинство со едни плати кои што се под секакво човечко достоинство и под оној основен минимум за основно функционирање, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Николоски смета дека платите на просветните работници и вработените во детските градинки треба да им се зголемат, потенцирајќи дека барањата се реални и не смее да се дозволи да има богата влада, а сиромашен народ.

Платите апсолутно треба да им се зголемат, барањата кои што ги имаат се реални и не е нешто надвор од реалното и владата треба тоа да го реализира, затоа што не смееме да дозволиме да има богата влада, а сиромашен народ , истакна тој.

— реклама —

За притисоците на владата кон наставниците и вработените од детските градинки, Николоски додаде дека воопшто не е изненаден, нагласувајќи дека власта треба да изнајде начин и да ги прифати барањата на наставно образовниот кадар, во спротивно да си заминат.

— реклама —

Ако ме прашувате за притисоците мислам дека никој не е изненаден. Но, денес видовме дека сите се обединети луѓето од воспитно образовниот процес и мислам дека овој штрајк ќе трае до исполнување на барањата. И мислам дека владата треба да да најде начин да ги реализира, во спротивно да замине. Но, секако треба да замине ова е само уште еден доказ дека немаат концепт и дека не знаат што прават, со секторите кои што ги водат.

Николоски за обвинувањата од страна на СДСМ дека наводно ВМРО-ДПМНЕ стои позади штрајкот на СОНК рече дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и сето она што е волја на народот тие го поддржуваат.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот и сето она што народот го чувствува секако дека ние го поддржуваме, и стоиме позади тоа доколку тоа е волја на народот. Ние го подржуваме овој протест на наставно образовниот кадар, посочи Николоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања