Не ве пере конфискација, а за пречекот на Груевски, не му ја мислите многу оти си изгради Триумфална капија по свој вкус, порача новинарката Вурмо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
Screenshot-2023-09-16-at-11.47.44

Пишува: Валентина ВУРМО, новинарка, за „Фокус“

— реклама —

Пред неколку години, на едно од судските рочишта за случајот „Траекторија“, седнат на обвинителна клупа, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски кажа виц. Реши да ги насмее присутните во судницата, додека судечкиот совет се повлече на кратко за да одлучи по приговор.

— реклама —

„Во некоја престолнина, царот му предал парче хартија на својот син, на која имало напишано голема мудрост. Му рекол да ја прочита пораката само тогаш кога ќе се најде во безизлезна ситуација. По години, дошол денот, бидејќи синот бил нападнат од непријателска војска, па бидејќи бил опколен од сите страни и веќе му немало спас, решил дека е време да ја прочита пораката од татко си. Таа гласела: „Не грижи се сине, што и да е ќе помине“!

— реклама —

По смеата во судницата, и Пешевски слатко се насмевна, иако тогаш соочен со висока затворска казна, му гореше под нозете. Додаде дека како и во вицот, така ќе биде и со нив, (мислејќи на обвинетите од СЈО), што и да е, ќе помине..

...

И не ве пере ниту приказната за проширената конфискација. Дека поентата на измените било тоа што ќе им се одзема украденото на функционерите. Па, тоа беше возможно и досега, ама проблемот е што никој не сакаше да им брцне во џебовите. Новината е дека конфискацијата ќе остане по старо, а новото е дека нема ниту да лежат во затвор.

А за пречекот на Груевски, не му ја мислите многу. Си изгради Триумфална капија по свој вкус, па му доликува и да помине низ неа. И не мора на бел коњ, може и во „мерцедесот“ од 600.000 евра, кој ви го остави во наследство.

Повеќе

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања