Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Не знае колку ќе плаќаат граѓаните за Мијалков, а вината не ја гледа во власта за застарувањето - Грковска за прислушувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
e026d2bb-a661-464d-8d90-f8a911efc4a7

Заменичката на претседателот на владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, за одлуката за запирање на кривичната постапка во случајот за масовното прислушување, „Таргет-тврдина“ каде се запира процесот на Мијалков и за уште петмина, рече дека тоа е резулатат на калкулантскиот однос на судиите. Не ѝ позната сумата за трошоците за водењето на кривичната постапка кои ќе бидат товар на буџетот.

— реклама —

Вели дека изразила резерва кога на седница на Влада се предлагале измените на Кривичниот законик токму поради ваквите, како што рече, „можни последици од носењето на таквите решенија“.

— реклама —
— реклама —

Таа смета дека сѐ уште има доволно време, и по толку години, случаите од Специјалното јавно обвинителство да се процесираат и да завршат во ефикасна и правична процедура.

— реклама —

-Апелирам на одговорност на правосудните органи затоа што сѐ уште има доволно време, после толку години, случаите од Специјалното јавно обвинителство да се процесираат и во една ефикасна и правична процедура да завршат и правосудните органи да покажат дека судат исклучиво по закон, без разлика на тоа за кого станува збор. Како што изјавив и пред извесно време, и сега повторувам – да не се однесуваат како поголеми политичари од политичарите, кажа вицепремиерката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања