Промени тема
Контакт

Небесен спектакл над Македонија: Млечниот Пат и Персеидите фотографирани од Галичица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library89e175gq512d25rLiTm
Фото: Birachoski

Млечниот Пат и еден од метеорите од метеорскиот дожд Персеиди се најдоа во ист кадар над Националниот парк „Галичица“, во фотографија направена од Димитар Бирачоски.

— реклама —

Фотографијата е снимена од локалитетот Корита, далеку од силното градско осветлување, што овозможило јасно да се забележи појасот на Млечниот Пат, а во горниот дел од кадарот се гледа и светлосната трага од метеор.

— реклама —
— реклама —

Персеидите токму ноќта меѓу 12 и 13 август го достигнaa својот врв во 2026 година, а оваа година условите за набљудување се особено поволни поради темното небо и отсуството на силна месечева светлина. НАСА ги вбројува Персеидите меѓу најбогатите метеорски дождови, при кои во идеални услови можат да се забележат десетици метеори во еден час.

Овојпат небесниот спектакл над Галичица го забележа Бирачески, создавајќи впечатлив кадар во кој истовремено се гледаат илјадници ѕвезди, Млечниот Пат и еден Персеид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања