Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Недела против лажни вести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Институтот за комуникациски студии (ИКС) од денеска до 18-ти овој месец ја одбележува Неделата против лажни вести.

— реклама —

Целта е да поттикнат критичко размислување и да ја подигнат свеста за штетата што лажните вести, манипулациите и дезинформациите ја нанесуваат на целото општество.

— реклама —

-Новите медиуми нудат простор за неограничена слобода на изразување, која за жал често се злоупотребува од поединци, кои не размислуваат или воопшто не им е грижа за етичките стандарди на информирање и одговорно искажување на ставовите. Сведоци сме на зголемен тренд лажни вести и манипулации, што некогаш ниту експертите не можат да ги препознаат, вели Жанета Трајкоска, директорката на Институтот за комуникациски студии.

Преку Неделата против лажните вести се сака да се отворат овие прашања, да им се понудат на граѓаните алатки да ги препознаваат ваквите медиумски манипулации и да реагираат.“

— реклама —

Во рамките на Неделата против лажните вести, денеска, утре и на  15 ноември ИКС ќе организира три обуки за средношколци, за студенти и за пензионери и ќе им понуди на учесниците алатки за полесно да ги препознаат лажните вести.

На 14 ноември  предвиден е онлајн семинарот „Со новинарски техники до појасна слика: истражувачкото новинарство против лажните вести“ со новинарката Кристина Озимец, а во вечерниот термин во кафулето „Концепт 37“ ќе дебатираат Сашо Ордановски, Милка Смилевска и Сеад Џигал, како да се справиме со дезинформациите и лажните вести во медиумите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања