Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Неделава средби со производителите и доставувачите, најави министерот за економија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
besar-durmishi

Најавената мерка за намалување на цените на основните прехранбени производи сè уште е во фаза на анализи, а кога тие ќе бидат завршени, јавноста ќе биде навремено информирана, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

— реклама —

Одговарајќи на новинарско прашање дали евентуалните мерки би можеле да стапат во сила од септември, Дурмиши не прецизираше конкретен рок, посочувајќи дека владините анализи ќе покажат кои производи и во кој обем би можеле да бидат опфатени.

— реклама —

Во однос на минималната плата од 600 евра, министерот повтори дека тоа и понатаму останува прашање на договор меѓу синдикатите и работодавачите.

Запрашан како би се спровела евентуалната мерка за намалување на цените во услови на слободна пазарна економија, Дурмиши истакна дека постојат механизми што можат да се применат без да се нарушат пазарните принципи.

— реклама —

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе се прават детални анализи на цените на секој производ поединечно, а доколку има потреба, ќе се проверуваат и фактурите низ целиот синџир на снабдување – од добавувачите до трговските синџири.

— реклама —

Владата веќе одржа средба со претставници на најголемите трговски синџири, а најавени се и разговори со производителите, дистрибутерите и добавувачите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

jakimovski-1-960x600-1

„Дурмиши мене ме прашува дали дискотеката Пјур исполнува услови“! Јакимовски добил писмо од министерот за економија

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
besar-durmishi

Дурмиши: Есенската кошница ги даде резултатите, цените се стабилизираа и се намалија, месечната заштеда изнесува од 690 ден до 1.360 ден

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања