Промени тема
Контакт

Неделен преглед: Екипите на „Паркови и зеленило“ со активности низ Охрид и околните населби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

ОО
media-library2k47ijetmkjv2BKzFAz

Екипите на работната единица „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ и изминатата недела реализираа бројни активности за одржување и уредување на јавните зелени површини во градот и приградските населби.

— реклама —

Во пресрет на јубилејното 10. издание на спортската манифестација „Охрид трчат“, јавното претпријатие обезбеди логистичка поддршка и активно се вклучи во подготовките за настанот. Беа спроведени активности за чистење и косење на зеленилото покрај патеките по кои ќе се одвиваат трките, а најавена е и реализација на едукативната кампања „Чисто е убаво – селектирај“.

— реклама —

Во приградските населби екипите ги косеа тревните површини во селата Трпејца, Пештани и Елшани, додека во градското подрачје се интервенираше во паркот на улицата „Јане Сандански“, просторот кај касарната, патеката кај Калето на потегот од Грашница до Канео, како и на плажата Горица.

— реклама —

Покрај тоа, беа извршени активности за шишање на украсните растенија во бетонските жардиниери долж улицата „Булевар Туристичка“, а продолжи и редовното наводнување на зелените површини низ градот.

— реклама —

Од ЈП „Охридски комуналец“ посочуваат дека екипите и понатаму остануваат на терен со цел Охрид да биде чист, уреден и подготвен да ги пречека бројните посетители во текот на летната туристичка сезона.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања