Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

„Недостасуваат гласни смеења“, и на Денис од Центар за јавно здравје му е преку глава од цел ден корона, вакцини, ВМРО и СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
denis

Иако уште на самиот почеток на пандемијата предлагав и не се правев ниту паметен ниту видовит туку едноставно ја гледав ситуацијата на терен, еве и денес пак ќе прашам затоа што факт е дека уште ќе потрае ова лудило:

Зошто ниедна телевизија не наоѓа време да одвои во својата програма да ги пушти филмовите Тесна кожа или Жикина династија, сите делови и други?

Зошто ги нема Викенд на мртовци, Балкански шпијун, Ко то тамо пева, Маратонци трче почасни круг, Татко на одредено време и други?

Зошто немаат време за Театарче лево ќоше или серијата Комедијанти, Балкан експрес, Камионџии, Бољи живот и други?

Зошто не изнаоѓаат термин за К-15, Топ листа надреалиста или Монти пајтон, прашува Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје во објава на својот ФБ профил.

Тој во својата објава додава:

— реклама —

Навистина не ми е јасно како сите овие месеци, всушност година и кусур не увидоа дека она што многу премногу им недостасува на луѓето е да се насмеат во текот на денот. Пушти телевизија и цел ден е Корона, вакцини, ВМРО и СДСМ. Знам, јасно ми е дека тоа за жал ни е секојдневието ама и во такво секојдневие може да се најдат 2-3 саати во денот, време во кое луѓето ќе успеат малку да се одморат од притисоците, да одвојат време за себе и своето физичко и психичко тело кое ни е бајаги нападнато од многу страни.

Во тие неколку саати ќе успеат да се ја вратат насмевката, онаа прекрасна душевна убавина очигледно многу исчезната.

— реклама —

Недостасуваат комедии, недостасуваат опуштања, сами или во друштво на тие со кои живееме. Недостасуваат гласни смеења. Она гласно сите да те слушнат кога се смееш на Хер Шика .

Апел до сите телевизии, отворете и прочепкајте во базите што ги имате, сигурно има нешто да се најде со што ќе им донесете дневна релаксација на вашите гледачи. Заменете една турска серија од тие 5 или 10 што ги пуштате со некоја комедија. Немам ништо против тие серии ама вметнете нешто смешно. Ем погледана програма ем сте го постигнале и тоа како потребниот ефект кај гледачите - насмевка на нивните лица.

Можеби и нешто сте пуштиле ама пуштајте повеќе, пуштајте почесто. Пуштајте многу повеќе и уште почесто. Нема зијан има само огромна добивка .

— реклама —

Има уште многу серии, филмови, скечеви, треба само да ви текне. Не се правам паметен, само сум реален , напиша на својот ФБ профил Денис Јанкуловски од Центар за јавно здравје .

фото: ФБ Денис Јанкуловски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања