Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик“, вели Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library62bnk9fqhlkmaaoDrOV

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференцијата изјави дека ребалансот на Буџетот отвора сериозни ризици за јавните финансии и предупреди дека исплатата на пензиите до крајот на годината е доведена во прашање.

— реклама —

На прес-конференција, Филипче рече дека во буџетот недостигаат околу 10 милијарди денари за редовна исплата на пензиите.

— реклама —

„Парите што се исплаќаат од Министерството за труд и социјална политика кон ПИОМ не се зголемени, а недостигаат 10 милијарди денари до крајот на годината. Исплатата на пензиите е практично доведена во прашање“, изјави Филипче.

Тој оцени дека ребалансот покажува сериозни недостатоци и во делот на социјалната заштита, наведувајќи дека и покрај дополнителните две милијарди денари, ќе бидат потребни уште три милијарди за да се покријат сите обврски до крајот на годината.

— реклама —

Според Филипче, тоа значи дека нема да има зголемување на поддршката за социјално ранливите категории, додека Владата, како што рече, не спроведува вистинска рационализација на трошењето и продолжува да ги намалува средствата за развојните политики.

— реклама —

Претседателот на СДСМ повтори дека ребалансот, според него, претставува признание за неуспешните економски политики на Владата и оцени дека граѓаните се соочуваат со повисоки цени, поголем буџетски дефицит и нови задолжувања, без подобрување на животниот стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

Филипче: Мицкоски е пион на оската Орбан–Вучиќ за ограбување на земјата и запирање на европскиот пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

Филипче: Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ, власта добро знаела кој е Мацура

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

Филипче: Повеќе пари без тендер, помалку контрола - СДСМ против измените на Законот за јавни набавки

Македонија | пред 2 дена

media-library9jh8rln362q60YzjDzg

(Видео) „Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?“, вели Филипче

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања