Промени тема
Контакт

Недозволиво е Ковачевски и Османи да молчат за францускиот предлог за решавање на Бугарскиот спор со Македонија, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Marija-Miteva-20.06.2022

Недозволиво е Димитар Ковачевски и Бујар Османи да молчат за францускиот предлог за решавање на Бугарскиот спор со Македонија. И дополнително да велат дека не го виделе, а всушност и самите го договарале, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со таканаречениот француски предлог не се решаваат проблемите на државата. Не се почнуваат преговори, туку се дава услов доколку сакаме да ги почнеме преговорите.

— реклама —

Со предлогот се задира и во идентитетот и во јазикот, иако навидум се чини дека јазикот е решен, сепак се остава простор на Бугарија со Декларација да го објасни својот поглед на јазикот.

Целта на предлогот е сите барања на Бугарија да влезат во рамка на преговори, а имплементацијата на истите да ги следи посебна Комисија. Со тоа проблемот кој до вчера бил со Софија, сега Македонија треба да го има со целата ЕУ.

— реклама —

Ова е дебакл за македонската дипломатија, нокаут за нацијата. Доколку власта на сила протурка вакво решение тоа ќе значи дека Македонија или ќе се бугаризира или воопшто никогаш нема да влезе во Унијата.

— реклама —

Ова не се европски вредности, ова е чиста асимилација и практикување на правилото на посилниот.

ВМРО-ДПМНЕ јасно кажува дека нема да го поддржи францускиот предлог, кој значи бугаризација за нацијата и одалечување на Македонија од ЕУ.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати никаков понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. А, ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера ниту една точка од овој договор да почитува и да применува.

Со ваквиот предлог не се решава никаков проблем, туку се креираат нови проблеми и веќе постоечките се продлабочуваат. Тоа не е ниту европски вредности, ниту искрена намера за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Бугарија треба да биде добар сосед и да и помогне на државата при влез во Унијата, а до тогаш да заборават на нивната желба за промена на историјата“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања