Промени тема
Контакт

Нека му каже некој на Мицкоски дека кризата е глобална и поради агресијата врз Украина, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
MickoskiSkopjeinfo

Некој во Белиот дворец треба да му каже на Христијан Мицкоски дека кризата е поради агресијата врз Украина и последици врз енергетиката и економијата има во целиот свет, вели СДСМ.

„Мора ли ВМРО ДПМНЕ целиот свој политички активизам да го сведува на критика само заради критика, без ниту една идеја или реална издражност?

— реклама —

Така се однесуваше ВМРО-ДПМНЕ и за време на пандемијата, ширеше лажни вести и ги плашеше граѓаните, без да понуди никаква конструктивност, а така е и сега кога има глобална економска и енергетска криза.

Очигледно дека партијата на Мицкоски не научила ништо и нема намера да го смени своето дејствување кое е исклучиво на штета на граѓаните и државата.

— реклама —

400 милиони евра одвојува Владата за пакет од 26 мерки кои значат конкретна, реална помош за граѓаните и стопанството.

— реклама —

И додека СДСМ преку Владата и парламентарното мнзоинство носи мерки и политики кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи и блокира, а нивните градоначалници парите на граѓаните ги трошат на непродуктивни трошоци и вработување партиски кадри по општините“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања