Промени тема
Контакт

„Некои луѓе никогаш не заминуваат“: Митко Јанчев со емотивна порака и заеднички фотографии од минатото се присети на неговиот другар Тоше Проески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarym2ek0etm92b2duAXKSo

Деветнаесет години по прераното заминување на големиот музичар Тоше Проески, спомените за него и неговото дело продолжуваат да живеат. По тој повод, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, упати емотивна порака, потсетувајќи се не само на уметникот што го сакаше целиот Балкан, туку и на блискиот другар и човек со големо срце.

— реклама —

„Кога зборувам за тебе, не зборувам само за големиот уметник што го сакаше целиот Балкан, туку пред сè, за блискиот другар, за човекот со големо срце, искрена насмевка и душа исполнета со добрина“, напиша Јанчев.

— реклама —

Тој истакна дека музиката, хуманоста и човечноста на Проески оставиле неизбришлива трага, а неговите песни и спомени продолжуваат да живеат во срцата на луѓето што го сакале.

„Некои луѓе заминуваат прерано, но никогаш навистина не нè напуштаат. Живеат во песните, во спомените и во срцата на сите што ги сакале“, порача Јанчев, додавајќи дека делото на Проески е вечно, а споменот за него бесмртен.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryufbbaltafqnhfin2Vag

Јанчев со претставници на Амбасадата на САД: Во фокусот развојот и новите можности за Кавадарци

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-library0bi9scu16jm18WaFmPp

Митко Јанчев доби високо државно признание на Украина од Зеленски

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryia5umrtpq5n3590vNOU

Кавадарци ќе го претвора винскиот отпад во нови производи, вели Јанчев

Македонија | пред 7 месеци

media-libraryj5q0jdf1uho70NOr3zf

(Видео) Јанчев ја спрема ски-стазата во Михајлово

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања