Дел од булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва е без струја.
Жителите револтирани објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Тие велат дека од населбата Драчево па се до фабриката Цементара булеварот е без улично осветлување, а не работат ниту семафорите.
Од ЕВН Македонија нема информација за исклучување на електричното напојување во овој дел од градот.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2070278236349015&set=gm.1448818818582877&type=3&theater&ifg=1
Исто така без улично осветлување денес беше и дел од булеварот „Кочо Рацин“ во општина Центар.