„Неколку евра е тест, не може да се краде на таков тендер“, доктор Лазаров реагираше откако Царовска кажа дека нема брзи тестови за учениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
lazarov-4

Министерката за образование Мила Царовска кажа дека учениците не се тестираат со брзи тестови во училиштата бидејќи нема таква насока од Комисијата за заразни болести. Ова наиде на реакција кај докторот Ненад Лазаров, матичен лекар од Скопје. Тој ја искритикува Комисијата, а смета дека поради членовите трпи и целата медицинска фела.

— реклама —

„Неколку евра е по тест и не може да се краде на таков јавен тендер, плус резултатите ќе бидат поразителни и неповолни за властите а треба да трошат сериозен буџет и онда што да има тестови воопшто? Затоа нема. Единствена функција на комисијата е една, да даде наводен стручен легитимитет на глупостите на политичарите. Заради нив трпи авторитетот на цела медицинска фела“, искоментира докторот.

— реклама —

Во моментов нема потреба за други мерки освен оние што се утврдени од Комисијата за заразни болести за да се заштитат учениците од Ковид-19 во училиштата, изјави министерката Мила Царовска во врска со донацијата на брзи тестови од Општина Илинден за дијагностицирање во трите основни и во средното општинско стручно училиште „Илинден“.

-Не станува збор за желби и можности, туку за препораки од здравствените власти. Ако Комисијата за заразни болести утврдила протокол и постапување, сметам дека сите општини и сите училишта треба да ги почитуваат. Ако тие не препорачале тестирање, значи дека тоа нема додатна вредност во даден момент. Доколку тие утврдиле дека има потреба, тогаш ќе го спроведеме во сите училишта, но во моментов останува да се почитуваат препораките што се дадени, а тоа е да има дезинфекција, мерење температура и проветрување на просториите, изјави Царовска одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања