Поранешниот премиер Никола Груевски ги надитри полициските служби.
Од доверливи извори на Алсат, се дознава дека Груевски бегството го направил во неколку фази. Планот за бегство започнал во вечерните часови, кога, наводно, со неговиот автомобил излегол да се вози низ главниот град. Неколку минути подоцна, Груевски почнува да го спроведува планот за бегство. Се смета дека од гаражата од блокот каде што живее излегол со својот автомобил. Од излезот од гаражата, се смета дека бело возило „Фиат“ го следел до кружниот тек во една населба, недалеку од центарот на Скопје.
Оттаму безбедносните камери „Сејфсити”“ сведочат дека автомобилот „Фиат Пунто“ со зелена боја се враќа во гаражата, но не и поранешниот премиер. Се смета дека тој уште на почетокот не се качил во неговиот личен автомобил, туку директно во автомобилот на унгарските служби, а неговиот личен автомобил го возел вработен од унгарска амбасада, а потоа го вратил во гаражата.
Од кружниот тек се сомнева дека автомобилот тргнал кон Дебар, од каде неофицијално се дознава дека Груевски ја преминал илегално границата меѓу Македонија и Албанија. За да не падне во очи на полициските служби, се дознава дека Груевски употребил секундарни патишта, а не автопат каде што постојат безбедносни камери.
Изворите зборуваат за телефонски разговор меѓу Груевски и премиерот Заев, неколку минути пред поранешниот премиер да го спроведе својот план за бегство. Алсат го контактираше премиерот Заев, кој го отфрлил ова, додавајќи дека Заев долго време немал директен контакт со Груевски, освен во одредени случаи кога тие комуницирале преку своите курири.
Во таква ситуација, аналитичкиот сектор на УБК се покажа дека потфрлил, особено не земајќи ги во предвид индициите за неговото бегство. За да се оправда, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прстот го впери кон Основниот суд, за немање овластувања за ПИ мерки и оперативни информации за можното бегство на Груевски.