„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Неколку општини давале илјадници евра на невладини организации без конкурси и услови за учество и без критериуми за доделување средства

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
evra

Без конкурси, без услови за учество и без критериуми за доделување средства, неколку општини давале илјадници евра на невладини организации. Наместо според проектот и критериумите, често за висината на паричните средства си одлучувал градоначалникот или советот на општините. И така секоја наредна година, едни исти на ист начин ги полнат џебовите.  Четирите општини беа таргет на мониторинг на Организацијата на жени на општина Струмица. Од Петровец, Василево, Струмица и Валандово, само една општина има методологија и критериуми за распределба на парите наменети за здруженијата, објави А1ОН.

— реклама —

Скопската општина Петровец четири години по ред без конкурси доделува пари на различни организации. Во општината нема методологија, критериуми и комисии за оценување, а не се знае ниту кај кои здруженија завршуваат парите. Општината Петровец со години не објавува одлуки за распределба на овие пари и нема никаква транспарентност за леснотијата со која ги троши парите на граѓаните.

Од четирите општини, само Валандово и Струмица објавуваат јавни повици на кои можат да се пријават организации за да добијат општински пари. Градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, тврди дека повиците се објавуваат и на општинската веб-страница, но, по пребарувањето, ние не успеавме да ги најдем, освен повикот за 2020 година.

— реклама —

Валандово има комисија за оценување која нема критериуми, а не составува ниту записник при носењето на одлуките за финансирање организации со народни пари, објави А1ОН.

Струмица, за две програми, односно Г1-Поддршка на локалниот економски развој и В2-Социјална заштита/Трансфери, од 2017 до 2019 година исплатила околу 154.000 евра. Годинава пак, според решението на општината, доделени се околу 48.000 евра само за програмата за поддршка на локален економски развој.

Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија. Содржината на истражувањето е единствена одговорност на Oрганизација на жени од Струмица и „А1он“ и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Текстот во целост на: А1ОН.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања