Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Неколку полицајци од сообраќајна со верско лице ги осветувале возилата, па заменик-министерот најавува казни за нив и тие кои виделе а не спречиле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-libraryl3vot8hpa7ae27iUz2a
ФБ

Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени јавно реагираше по објавените фотографии од осветување на службени полициски возила и објекти во кругот на Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека станува збор за директно кршење на принципот на секуларна држава и на законите.

Исени потенцира дека прскањето со света вода од страна на верско лице врз службени возила и објекти во рамки на паркингот на МВР не може да се третира како приватен верски чин, туку како недозволиво мешање на религијата со државните институции.

— реклама —

Според него, настанот бил извршен од неколку припадници на една сообраќајна полициска единица, во соработка со верско лице, и не го претставува ниту официјалниот став, ниту институционалното дејствување на Министерството. Истовремено, случајот, како што наведува Исени, укажува на ниско ниво на професионална свест кај дел од полициските службеници.

„Уставот на Република Северна Македонија, во член 19, јасно ја утврдува одвоеноста на верските заедници од државата. Законот за полиција бара целосна и безусловна неутралност“, посочува Исени.

— реклама —

Тој нагласува дека МВР е државна институција која мора да им служи на сите граѓани еднакво, без оглед на нивната верска припадност, и дека службените простории и средства не се сопственост на ниту една верска заедница и не смеат да се користат за верски ритуали или активности.

„Полицијата е во служба на сите граѓани и не смее да постапува со двојни стандарди“, наведува заменик-министерот.

— реклама —

Исени најавува дека, согласно внатрешните правилници на МВР, на одговорност ќе бидат повикани сите лица кои го организирале или дозволиле овој чин, оние кои не го спречиле неговото извршување, како и тие што овозможиле влез на верско лице во објектите на Министерството за вршење верски активности.

Според него, само преку доследна примена на законот и еднаквост пред него може да се врати довербата на граѓаните и на вработените во институцијата.

„Почитувањето на верските убедувања е неопходно, но мешањето на религијата со безбедносните институции е неприфатливо и опасно за еднаквоста, институционалната неутралност и довербата на граѓаните“, порачува Исени.

Тој ја завршува пораката со јасна порака: државата е секуларна, полицијата е на граѓаните, а законот е над секој верски симбол.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Турски државјанин баран за убиство во Македонија уапсен на граничен премин во Албанија

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-librarymq4e4hct6a5nf4hS35g

(Видео) Откриен и санкциониран скопјанецот кој со камион истураше градежен шут на зелена површина

Македонија | пред 11 час

media-libraryv5rp0p9i7q99amaitxz

Дрога, дигитални ваги и пари пронајдени при претрес во дом во Велес

Македонија | пред 12 часа

media-librarymoi56gags4e9fDeie1C

Двајца дрвокрадци приведени во прилепско и крушевско, одземени нежигосани дрва

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања