„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Неколку тони застарено ракетно гориво за градобијни рекети и експлозивен материјал изнесени од државава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
transport

Големата количина опасни и експлозивни ствари лоцирани меѓу населените места Ново Село и Волково, скопско, што неколку години претставуваше едно од најголемите загадувачки жаришта и опасност  за животната средина, безбедноста и за здравјето на граѓаните, е отстранета од територијата на нашата држава.

— реклама —

За отстранување на неколкуте тони застарено ракетно гориво за градобијни рекети и друг експлозивен материјал, имот на поранешната компанија АД „Теас-Темко“, кои со години лежеа во стоваришен простор во населено место, првично беа побарани 850.000 евра.

Но, наместо трошок за граѓаните на нашата земја, Владата на Република Северна Македонија организираше постапка за продажба и чистење на теренот, согласно процедурите за управување и транспортирање на опасни материи, без ниту денар надомест за компанијата што ја спроведе постапката.

— реклама —

Постапката за повик и избор на понуда за оваа акција ја спроведе Генералниот секретаријат, постапувајќи согласно заклучокот на Владата донесен на 118 седница на Владата, при што ја прифати понудата на компанијата „Трајал“ од Република Србија.

Во планирањето и спроведувањето на оваа постапка, Владата на Република Северна Македонија првенствено се раководеше од грижата за здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања