Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

„Некст тајм“ на Водици во Охрид - Пецаков објави дека градот е подготвен за положување на светиот крст

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Screenshot-2024-01-17-at-13.18.32

„Привршуваат подготовките за претстојниот празник 'Богојавление - Водици'“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.

— реклама —

„Денеска, екипи на ЈП „Охридски комуналец“ го украсуваат централното градско подрачје и градското пристаниште и исто така се врши дополнително чистење на делот од пристаништетот каде ќе влегуваат капачите.

— реклама —

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај бројните охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.

— реклама —

По чинот на Богојавленскиот водосвет, околу пладне на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Некст Тајм“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања