Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Нелоски: Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
neloski

Партијата во заминување СДСМ за само две недели потроши повеќе од над 1 милион евра за рекламирање по национални медиуми. Зоран Заев кој е премиер уште 5 дена и никогаш повеќе, сеуште молчи и не кажува од каде му се над 1 милион евра за рекламирање на своите неуспеси прикажувајќи ги како успеси. Ако се земе во предвид дека СДСМ годишно зема околу 900.000 евра преку државното финансирање на партиите, на кој начин ќе ги сервисира останатите пари кои што ги трошат, истакна  Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали можеби торбите Луј Витон од РЕКЕТ се изворите на финансирање на СДСМ?

— реклама —

Дали можеби начинот на финансирање се тендерите кои секојдневно завршуваат во џебовите до блиски на СДСМ и функционерите?

СДСМ треба да им објасни на граѓаните како се троши по 100.000 евра дневно за рекламирање на кампања, во моменти кога државата ни тоне на економски план.

— реклама —

Ова се потрошени над 1 милион евра за класична манипулација на граѓаните и за обид да се поткупат и подмитат националните медиуми.

Она што е добро е дека Зоран Заев ќе е премиер само уште 5 дена и никогаш повеќе, а СДСМ партија на власт уште 4 месеци и никогаш повеќе.

Одговорност за се мора да има и ќе има по 12-ти април.

Република Македонија конечно мора да тргне напред, а СДСМ да докажува од каде им се над 1 милион евра за две недели рекламирање по медиумите, истакна Нелоски.

фото  и видео: ВМРО ДПМНЕ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања