Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Нема да дозволам нехумано однесување со пациенти: Меџити се сретна со мајката на момчето со аутизам, кое беше повредено во болницата во Демир Хисар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити се сретна со Салка Абдуловска, мајка на 17 годишното момче за кое излезе информација дека било несоодветно третирано во Демир Хисар. Министерот Меџити, лично се запозна со случајот, како би можело Министерство да помогне за полесно секојдневние во грижата за момчето. На средбата од страна на Меџити беше изразено жалење за настанатата ситуација и министерот потенцираше дека нема да дозволи никогаш несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни лица.

— реклама —


„Иако добив уверувања од менаџментот на болницата дека е постапено по сите протоколи со цел безбедност на пациентот, случајот и работењето на болницата Демир Хисар ќе биде под строг надзор на Министерството. Ги охрабрувам другите институции кои започнаа постапка да ги завршат за да се расчисти случајот до крај. Родителите на момчето ја имаат нашата поддршка. Разговаравме за нивните проблеми и ветивме дека ќе се заложиме на оваа семејство да му помогнеме, ќе направиме напори момчето да биде сместено во интернатот од училиште за деца со посебни потреби, Партениј Зографски, во Скопје каде оди во училиште“ истакна на средбата министерот за здравство.

— реклама —


— реклама —

Мајката на 17 годишното момче, на средбата пренесе дека дополнително семејството било вознемирено со објавување на лажни фотографии во јавноста, каде биле изнесувани невистини дека се работи за нејзиното дете, прикажувајќи момче како седи на земја врзано за кревет. Министерот за здравство упатува апел до целата јавност сите ние да внимаваме кога споделуваме вакви чувствителни вести.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања