Промени тема
Контакт

Нема да дозволиме да се манипулира со откупот на пролетна зелка, инспекциите се на терен, никој не е привилегиран, вели Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG-20220417-WA0002

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорите на Платежната агенција и Државниот инспекторат за земјоделство, Никица Бачовски и Зоран Шапуриќ, како и со претставници од министерството, денеска во Струмица имаа средба со производителите на пролетна зелка. На средбата се разговараше за состојбата со откупот и пласманот на пролетната зелка.

Министерот Николовски посочи дека Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен и нема да се дозволат манипулации со откупот.

— реклама —

„Денеска имавме конструктивен состанок на којшто земјоделците алармираа околу одредени недоследности коишто ги има на терен во однос на откупот на пролетна зелка. Заеднички дискутиравме за сите решенија и за непречен откуп и пласман на пролетната зелка. На состанокот формиравме потесна работна група во која ќе бидат претставници од министерството, подрачните единици, од Државниот инспекторат за земјоделство, Платежната агенција и производители на пролетна зелка. Ја следиме состојбата, инспекторите се постојно на терен, и доколку бидат утврдени манипулации од страна на трговците, ќе има санкции. Никој нема да биде привилегиран, сите мора да ги почитуваат законите. Нас ни е важно земјоделците да бидат заштитени од државата, и тоа е наша обврска. Затоа, заеднички со производителите на зелка, ќе ги следиме состојбите и ќе носиме соодветни мерки и политики во следниот период“, рече министерот Николовски.

Местото на земјоделците не е на улица, туку во нивите остварувајќи поголемо домашно производство. Ова е заедничкиот заклучок од денешната средба помеѓу министерот Николовски и производителите на пролетна зелка.

— реклама —

“Како министерство остануваме фокусирани на зголемување на домашното производство, преку мерки кои ги носиме со Националниот план за производство на храна. Земјоделците во министерството имаат гарант дека загуби во производството нема да има, дека производството ќе биде добро и навремено платена,“ изјави министерот Николовски.

— реклама —

На средбата, министерот Николовски информираше дека министерството и дипломатско - конзуларните претставништва се мобилизирани, постојано се комуницира со земјите од регионот, со цел да има да има непречен извоз на пролетната зелка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања