Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Нема дискриминација со забраната за запишување на невакцинирани деца, велат од Комисијата за заштита од дискриминација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bebe-vakcina

„Министерството за здравство ја информира јавноста дека Комисијата за заштита од дискриминација утврди - нема дискриминација со мерката за забрана за запишување и прием на деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината, откако било доставено мислење во однос на претставки добиени од граѓани, како и јавно искажани ставови во врска со постоење на наводна дискриминација кон децата кои не се вакцинирани од МРП вакцината, а во контекст на нивното запишување во предучилишни установи и училишта.

— реклама —

Мислењето од Комисија за заштита од дискриминација е дека не постои дискриминација од страна на органите на управата и градинките со мерката за забрана на запишување и прием на деца кои не се вакцинирани со МРП вакцината и задолжителноста од вакцинирање на децата на училишна возраст.

— реклама —

Во мислењето од оваа институција е наведено дека се земени во предвид наводите во индивидуалните претставки на граѓаните, одговорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, записниците на Комисијата за заразни болести, Уставот, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Европската конвенција за заштита на човекови права и основни слободи, Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Конвенцијата за правата на детето како и Општиот коментар на Комитетот за правата на детето бр.7 (2005).

— реклама —

Комисијата смета дека не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна цел, согласно член 5, точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација и дека таа не е спротивна на Уставот и на одредбите на меѓународните договори, соодветствува на реалните потреби со оглед дека е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со детето во училиште или градинка, како и во функција на јавното здравство, односно заштита на здравјето на сите деца кои би биле во контакт со невакцинирано дете.

— реклама —

Министерството за здравство уште еднаш потсетува дека вакцинацијата е најефикасна превентивна мерка за заштита на населението од заразни заболувања, а воедно за зачувување и одржување на колективниот имунитет“, се вели во соопштението на Министерство за здравство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања