Работните групи на власта и опозицијата на вчерашната прва средба четиричасовната средба во Министерството за правда , не постигнаа согласност околу предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на Специјалното јавното обвинителство. Ова е еден од условите за почеток на преговорите со Европската Унија.
Министерката за правда Рената Дескоска, која ја предводи работната група на власта, по средбата рече дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, ниту прекинувањето на истрагите и обвиненијата.
За опозицијата пак е неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира, истакна вечерва Иван Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Друга клучна разлика е разликата околу судбинатата на истраги кои се во тек од страна на СЈО, предистражни постапки и обвиненија што се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите.
Двете страни се договориле уште еднаш да ги разгледаат изнесените аргументи, да се преиспитаат ставовите и ако евентуално има одредени поместувања, повторно да се состанат в петок.