Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за „Независен весник“ вели дека нема конкретни докази за начинот на бегството на експремиерот Никола Груевски.
„Обвинителството собра повеќе материјални и вербални докази. За жал, до дел од доказите не можевме да дојдеме поради одговорот од страна на надлежните органи од Албанија. Се работи на предметот, но до овој момент нема конкретни докази за начинот на бегство на осудениот Груевски, ниту кој му помогнал во бегството. Постапката се води за да се утврди евентуална кривична одговорност на определени лица инволвирани во бегството. Пропустите во работењето на институциите не се во надлежност на Јавното обвинителство и секоја институција треба да ги утврди и да преземе мерки за нивно отстранување“, вели Јовески за „Независен весник“.
Интерпол не го бара Груевски, а Обвинителството се уште не знае зошто потерницата не се објавува.