Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Нема дозвола, но има знаме од т.н. „голема Албанија“ - ѕирнете во контроверзниот музеј на Ахмети

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
398288491_875772277250229_8302652243043819683_n

Лидерот на ДУИ Али Ахмети викендот во кумановското село село Сопот го отвори меморијалниот центар или музеј на УЧК. На свеченоста Ахмети упати неколку пораки дека Албанците се господари во Македонија и државотворци. Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вели дека до општината не стигнало никакво барање за дозвола околу отворање на меморијален комплекс на УЧК во кумановското село Сопот. Во музејот се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари. Неизбежни се и фотографиите од Али Ахмети.

Сепак најконтроверзен декор во музејот е знамето на „Голема Албанија“ со голем дел од Македонија, Србија и Грција. Пред влезот на комплексот се наоѓа мермерна плоча со картата на „Голема Албанија“ пред која се поклонија учесниците во манифестацијата.

— реклама —

— реклама —

Фотографиите од отворањето на својот фејсбук профил ги објави самиот Ахмети, што предизвика лавина реакции.

— реклама —

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања