Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Нема каде да ги продадат -ги фрлаат јаболката во езеро, производителите очајни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jabolka

Видео од исфрлени јаболка во водите на Преспанското Езеро објавено е на фејсбук страницата „Моја Преспа! Мојот Ресен! Мојата Судбина“. На видеото се гледа како јаболка плутаат на површината на водата, а брановите дел исфрлиле и на езерското крајбрежје во Претор, објавува СДК.мк.

Снимката предизвика бројни критики на фејсбук. Дел од граѓаните со иронични и зајадливи коментари пишуваат компот од јаболка „А ла Преспа“.

— реклама —

„За ова стварно немам зборови, природата не е виновна за јаболката што останаа без пласман. Тоа ви е исто како во дворот да си ги истурите. Фала Богу, Солун што не е наш, ако беше наш вака ќе изгледаше, поплавен со ѓубре и јаболка“, коментираат граѓаните на Фејсбук.

Од Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ изминатиот месец дел од вишокот од јаболката го донираа по старски домови, болници и други социјални установи во земјава со цел да се донира, а да не се фрла во природата.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања