Нема лекарска грешка за смртта на 25 годишниот Јован од Берово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-08-26-at-09.34.46

Нема лекарска грешка во третманот на 25 годишниот пациент од Берово кој почина пред еден месец на КАРИЛ по интервенција на заб во Штипската клиничка боленица. Така заклучила стручната комисија формирана од министерот за здравство. Беким Сали вели дека според извештајот кој му бил доставен од Комисијата, на младиот беровчанец навремено му била пружана лекарска помош, но инфекцијата не можела да се спречи, пишува sitel.com.mk

— реклама —

– Според наодите кои се најдени во институциите и документацијата дознаваме дека се испочитувани сите стручни фази за пружање навремени стручни услуги кон пациентот. Меѓутоа целата компликација настанува поради системско проширување на инфекцијата во целиот организам на пациентот и не можноста за реагирање, смирување или намалување на таа инфекција, изјави Беким Сали, министер за здравство.

— реклама —

Иако преку допис до Министерството за здравство побаравме јавноста да го види извештајот од стручната комисија, не го добивме. Не беа соопштени ниту имињата на лекарите кои го правеле надзорот.

— реклама —

Што предизвикало сепса кај пациентот треба да покажат анализите на Институтот за судска медицина по направената обдукција. Овој извештај го чека и обвинителството, откако за случајот отворија предмет по допрен глас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања